Две нови жртви на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починале двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.