Две жртви во пукање во Синсинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупно две лица го загубија животот и три се повредени во пукање во центарот на Синсинати.

Пукањето се случило за време на огнометот по повод прославата на Денот на американската независност – 4 јули, во областа на паркот Смајл, изјави денеска на прес-конференција полицискиот потполковник Лиза Дејвис.

Едно лице починало на самото место, а друго починало во локалната болница.

Уште три лица кои биле застрелани биле пренесени во болници. Двајца се со полесни повреди, а третиот се наоѓа во критична состојба, соопшти полицијата.