Двегодишно дете од липковско испило таблета – пренесено во болница во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља кое испило таблета.

Од Кумановската болница информираа дека по укажаната лекарска помош, детето е во добра здравствена состојба.

Случајот е евидентиран и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.