Двојно повисоки сметки за парно, се жалат жителите на Чаир, директорот ветува корекција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Корисниците на топланата Скопје Север последниов месец добиле вртоглави и нереални сметки.
Велат дека се жалеле, но жалбите не се земени предвид, а не можат ни да се исклучат од топланата.

-Ги покачија цените за околу 80% повеќе од минатиот месец, отидовме таму да се жалиме во Управата, ни рекоа, ги покачивме цените зашто така ни одговара, вие можете само да платите.
-Колку години сте вклучени на централно греење?
-20 години.
-Сте се обиделе некогаш да се исклучите?
-Да, се обидовме. И кога го поставија системот пред 20 години, плативме за тоа 1300 евра, секој дом плати по 1300 евра за инсталирање, тие само пуштија греење, сега ни праќаат и елаборати да правиме за да се исклучиме.
-Порано колкави сметки добивавте?
-Порано беше поевтино, 2700 денари, сега 4300 денари.

Освен поплаките за високи сметки, овој граѓанин се жали општо од институциите кои заборавиле на жителите од Чаир и Бутел.

ТВ21 контактираше и со директорот на топланата Скопје Север, Куштрим рамадани кој за сметките уверува дека ќе има корекција и израмнување.

-Што се однесува до сметките ќе има корекција и израмнување во декември, така што нема потреба да се грижат-уверува Рамадани.

Топланата Скопје-Север во последно време, но и претходно се соочи со финансиски проблеми, а граѓаните од оваа страна на Скопје постојано велат дека се незадоволни од услугата.