Пензионерскиот синдикат смета дека паралелно со покачувањето на минималната плата и просечната плата од први април треба да се покачат и пензиите заради лошата состојба предизвикана од економската, здравствената и енергетската криза. Синдикатот бара исплата и на Ковид пакети за пензионерите чиј износ би бил највисок за пензионерите со најниска пензија.
Пред измената на законот во 2018-та соодносот на просечната пензија со просечната нето исплатена плата во РМ изнесуваше над 60%. Ако ја земеме пример исплатената порсечна плата за ноември 2021, просечната пензија би требало да биде 17, 478 денари.
Пензионерите велат дека, пензиите не им стигаат за сметки, лекови и прехрана.
-10.800 пензија. Фирмите пропаднаа, оставаме на улица и што ќе ми стигне.
-На оние со помали пензии да им се даде повеќе од оние со поголеми.
Се е зголемено нешто пензии качија. Колку ви ги качија пензиите? 2,9 така нешто. Со тоа покачување успевате да го покриете покачувањето ја производите? Можам само дел да платам од струја, велат пензионерите.
Пратеничката група на ВМРОДПМНЕ поднела законско решение со кое бара зголемување на вкупниот износ на сите видови пензии за април за 20% кој ќе се дели на вкупниот број на корисници на пензија. Но, велат дека Ковачевски е дволичен кон пензионерите, бидејќи вчера владејачкото мнозинство не го поддржало нивниот предлог.
-Дволичноста на СДСМ го достигна врвот. Владејачкото мнозинство го покажа своето вистнско лице и гласаше против зголемување и усогласување на пензиите.
Повисоки пензии беше едно од ветувањата на премиерот Ковачевски. На тоа денеска потсетија и од СДСМ, вели Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Следува ново зголемување на пензиите откако со редовното законско усогласување минатиот месец истите се зголемија за 2,9 %. Новата методологија за повисоки пензии ќе се донесе низ дијалог со сите засегнати страни кој почнува уште утре, рече Лидија Тасевска од СДСМ.
65.535 лица се корисници на минимални пензии од 10,487 денари до 11,703 денари. Тоа значи дека секој петти пензионери зема пензија до 11,703 денари. Кај најниската просечна пензија земјоделската промената изнесува 97 денари, односно во јануари таа изнесувала 8,167 денари, додека во декември 8,264 денари.
И ако направиме споредба со земјите од Западен Балкан, пензионерите од Косово земаат најмала пензија од 90 до 627 евра, а во Србија највисоки од 136 до 1 258 евра.
Србија минималните -136, а максималните 1.258 евра
Косово минималната 90, а максималната 627 евра
Црна Гора минимална 147, максимална 1 110 евра
БИХ минимална 160, максимална 1.087 евра
Северна Македонија минимална 170, максимална 938 евра.
