ДЗС: Во едно семејство еден вработен издржува тројца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика, просечното македонско домаќинство брои 3,05 членови, од кои во работен однос е само еден член.

Истражувањето покажува дека просечно 1,15 членови се издржувани, а 0,67 членови имаат лични приходи. Самовработени лица се 0,03, додека активни земјоделци се само 0,07 на семејство.

Овие податоци ја прикажуваат реалната слика на македонското семејство – со ограничен број активни вработени, што значи дека секој вработен во просек издржува повеќе од двајца членови од семејството.