Еден маж и едно дете се тешко повредени во несреќата во Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според последните податоци, во несреќата во Бугарија се повредени 17 деца на возраст од 6 до 17 години, јави БГНЕС. 3 од нив имаат потешки повреди. Повредени се четири возрасни лица. Најтешко повреден е еден маж, кому, според првичните информации ќе му биде потребна ампутација на ногата.

Автобусот со српска регистрација, во кој се превезувале деца, удрил на автопатот „Тракија“ околу 20 часот и 30 минути на 218 километри во правец кон Софија.

Заменик-главниот секретар на МВР, комесарот Станимир Станев, извести дека во потешка состојба се едно дете и еден постар маж. Останатите се со различни повреди. Сите се пренесени во болница. Според првичните информации, автобусот се движел нормално и постепено и непречено излегол од коловозот и легнал од десната страна во ендекот, додаде Станев.

Веднаш по несреќата застанале многу автомобили кои поминувале, а на настраданите им помогнале десетици луѓе.