Сè уште нема епилог од случајот со смртта на Ведат Адеми, кој на 17 март отишол на лекување во Кумановската болница и починал. Институтот за судска медицина сè уште го нема изготвено обдукцискиот извештај.
„Од Институтот за судска медицина овде во Скопје велат дека извештајот од обдукцијата на покојниот Ведат Адеми сè уште не е готов. Иако се работи за многу сложена анализа, која ја вршат три лаборатории и резултатите кои се очекува да бидат одлучувачки за расветлување на случајот со загубата на животот на 32-годишниот маж во кумановската болница, случај за кој обвинителството покрена сомнежи за медицинскиот персонал.“, вели Аднан Ќаили, новинар на ТВ21.
Од истражното досие за смртта на Ведат се гледа дека починатиот боледувал од камења во жолчката, поради што тој од Германија се вратил на лекување во Куманово и на крајот бил подложен на хируршка интервенција. Според пријавата, лекарот му дал инфузија со аналгин без да потврди дека е алергичен, иако тоа било запишано во неговиот здравствен картон.
„Др. Зоран Ѓеоргиевски, БЕЗ да има претходна информација дека пациентот е алергичен на аналгетици, дал наредба во втората инфузија да се додаде ампула АНАЛГИН како засилување на терапијата против болки, тоа е заведено во записот од дадената терапија. Пред апликацијата на терапијата, дежурните медицински сестри НЕ го прашале пациентот целосно за евентуални алергиски реакции на одредени лекови дури НЕ му ја провериле здравствената книшка.“, стои во извештајот на специјалната комисија на Министерството за здравство.
Од Кумановското обвинителство велат дека продолжувањето на истрагата зависи од наодите во обдукцискиот извештај, но има сомнежи и за други пропусти на медицинскиот персонал и здравствената институција. Обвинителката Теута Рамадани вели дека ќе се преземат и соодветни мерки за осомничените за покревање обвиненија.
„Кога имаме фатални последици, одиме на кривично дело, тешко дело против здравјето на луѓето, според член 217 од КЗ, каде се предвидува казна затвор до 10 години. Но причината за смртта ќе се утврди врз основа на аутопсијата која е клучна за истрагата дали ќе има кривична одговорност.“, изјави Теута Рамадани.
Во меѓувреме, извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат покажува и други пропусти. Брзата интервенција во процесот на реанимација во болнички услови не би била фатална како анафилактичен шок доколку сета потребна опрема и подготвеноста на медицинскиот персонал би била достапна навреме да интервенира. Специјалистичкиот извештај направен од д-р Зоран Ѓеорѓиевски не ја вклучува медицинската историја на пациентот.