Еден загинат и неколку повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево кај село Врбјани. Од СВР Охрид јавуваат дека сообраќајката се случила кога се судриле две возила Голф и Тојота, јавува Телма. Возачот на голфот починал на лице место.

Исто така во сообраќајната незгода има и неколку повредени, а неофицијално во несреќата имало и уште едно возило.

Увидот и натаму е во тек, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.

Според информациите, има голема колона на тој патен правец, особено на оние кои се враќаат од викенд од Охрид.