Еден затвореник од Идризово тестиран на коронавирус, тестот е негативен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кај еден затвореник од Идризово е извршено тестирање за коронавирус, бидејќи имал симптоми. Тестот е негативен, а утврдено е дека станува збор за обичен грип, дознава ТВ21.

Во текот на вчерашниот ден затвореникот бил пуштен на токсикологија, потоа бил префрлен на инфективна, а завршил во болницата „8-ми септември“. Направен е тест на коронавирус, но тестот е негативен.

Од страна на доктор препишана е терапија и секојдневно се следи состојбата на затвореникот.

Од затворот за ТВ21 велат дека сите новодојдени лица се чуваат првично 14 дена во изолација во посебни простории, а докторите ги прегледуваат секојдневно тие лица.

Во затворот, зголемено е нивото на хигиена, а сите вработени носат заштитни маски, нараквици. Секои седум дена се врши и целосна дезинфекција.