Вчера во емисијата „Урбан таг“ на ТВ21 гостин беше 29-годишниот Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис, од населбата Аеродром.
Кристијан за кусо време стана вирален хит по социјалните мрежи со своите интересни написи испишани на картон, а пред некој ден токму преку картон сподели еден емотивен момент од неговиот живот.
Имено тој пред една година успешно ја завршил борбата со канцерот, а сега вели дека „само со позитивна енергија и позитивни мисли можете да пребродите се“.
Во продолжение запознајте се одблиску со Кристијан Бомбакис:
