Едниот брат замина, другиот дојде – жителите на Пласница од Алија Јаоски бараат работни места за младите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот градоначалник на општина Пласница, Алија Јаоски го доби мандатот. Мандатот му го врачи в.д. градоначалникот Елсан Нурчевски кој со општина раководеше последните 5 месеци откако Исмаил Јаоски беше избран за пратеник во Собранието на Северна Македонија.

Исмаил Јаоски беше градоначалник на Пласница 20 години, а сега оваа функција ја презеде неговиот брат Алија Јаоски, кој рече дека ќе ги продолжи проектите кои ги започнал неговиот брат, а вети и нови.

Барањата на жителите од новоименуваниот градоначалник е да создаде услови за вработување на младите, со цел да запре масовното иселување.

Екс-градоначалникот на Пласница, пратеникот Исмаил, на денот на изборите пред новинарите го покажа гласачкото ливче и рече дека гласал против неговиот брат. На ова Алија Јаоски рече дека секој е слободен да гласа за кандидатот кој според него е најдобар.

Алија, рече дека повторно ќе се кандидира на локалните избори што ќе се одржат напролет, бидејќи според него, ова е очигледна победа наспроти политичките опоненти.