Едно лице е убиено, друго со неколку истрели итно префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски, по синоќешното пукање во Бутел 2.
„На паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „Волксфаген Голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач Л.П од Скопје и неговиот сопатник К.И 43 години од Скопје неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото“, истакна Сузана Прањиќ.
Според извори од МВР, испукани биле над 80 крушуми, кои биле кобни за 43-годишниот К.И и истиот починал на лице место, додека возачот 24 годишен Л.П со возило на Итна помош итно е префрлен и хоспитализиран со тешки телесни повреди.
„Увид на лице место увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвнинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, додава Сузана Прањиќ.
Убиеното лице и претходно и било познато на полицијата, по пукањето во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.
Истрагата која е во тек ќе треба да ги утврди мотивите за овој настан кој синоќа пред големиот празник Бајрам ги вознемири жителите на Чаир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: