Во денешниот руски напад со беспилотни летала врз градот Днепар, едно лице е убиено, а 20 други се повредени, изјави началникот на воената администрација на регионот Днепар, Сергеј Лисак, пренесува Укринформ.
„Едно лице загина како резултат на нападот врз Днепар. Според досегашните податоци, повредени се 20 лица. Запалена е деловна зграда и автомобил. Оштетени се станбена зграда, студентски дом и културна институција. Уништени се два автомобила, а оштетени се уште 17“, рече Лисак на Телеграм.
Тој додаде дека сите надлежни служби се на лице место и ги отстрануваат последиците од рускиот напад.