Едно лице загина, а едно е повредено во американската држава Флорида, кога комбет влета во толпа луѓе собрани на геј парада, објавија локалните власти во САД.
Овој инцидент се случи на почетокот на парадата на симпатизерите на ЛГБТ заедницата во градот Вилтон Менорс, на југоистокот на Флорида, јавуваат светските медиуми.
Засега не е познато дали комбето, кое делувало како дел од поворката, намерно влетало во толпата или станува збор за несреќен случај, соопшти локалната полиција.
Сторителот е уапсен.
