Египет го отвора граничниот премин кон Појасот Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Египетските власти одлучија да го отворат граничниот премин Рафах кон Појасот Гаса, но само во еден правец и во период од три дена со цел да им се овозможи на блокираните Палестинци да се вратат на своја територија.

Според неименувани безбедносни извори ќе биде овозможено и пренесување на египетски производи и хуманитарна помош за Појасот Газа.

Египет пред два дена го затвори граничниот премин поради безбедносни причини по ескалацијата на насилството на 21 август помеѓу Израел и Хамас.