Со египетски напори се ослободени 12 тајландски граѓани заробени од Хамас, изјави египетски официјален претставник.
– Египетските интензивни напори резултираа со ослободување на 12 тајландски државјани, покрај 13 израелски деца и жени приведени од движењето Хамас, се вели во соопштението на шефот на египетската државна информативна служба, Диа Рашван.
Тајланѓаните беа меѓу заложниците заробени од милитантите на Хамас за време на нападот на 7 октомври.
Рашван рече дека египетските власти сега се подготвуваат на граничниот премин Рафа со Газа да ја примат првата група заложници држени во Газа „како подготовка за нивно префрлање во Израел“
