ЕК: Македонија да обезбеди повеќе капацитети за бегалците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската Комисија очекува од Македонија да одреди дополнителни капацитети од постоjните 2000 за привремено сместување на бегалците од блискиот исток. Во објавената прелиминарна листа, само Австрија, Словенија, Хрватска и Србија доставиле бројка на дополнителни постоечки капацитети од постојните.  Австрија понуди 5000, Хрватска и Словенија по две илјади, а Србија околу три илјади места за прием и привремено сместување на нови бегалци на западно-балканската рута. Тоа е вкупно 12 од 50-те илјади бегалци што земјите од Балканот, вклучително и Македонија, се обврзаа на неделниот мини-самит во Брисел дека ќе ги сместат на привремен период. На прашањето зошто ја нема Македонија во земјите кои уште вчера се обврзале на одредена бројка за прием и сместување на бегалци, од Еврокомисијата објаснија дека се инсистирало на нови сместувачки капацитети, а не на постојните.