Екс министерот за финансии предупредува – мерките неефикасни, падот на БДП и невработеноста сериозни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мерките на Владата во досегашното справување со кризата се покажале  како неефикасни  и наспроти раст довеле до сериозен пад на економијата и намалување на инвестициите, анализира поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

„Доколку се споредат податоците кои ние ги имаме и во првиот квартал на економијата меѓутоа и во вториот квартал се покажува сериозен пад на БДП. Дури во вториот квартал имаме посериозен пад на БДП споредбено со другите земји во регионот па и пошироко“, истакна Кирил Миновски.

Според него овие податоци укажуваат дека македонската економија во преткризниот период не ги искористила  доволно поволностите  на европските и светските пазари за разлика од другите држави во регионот .

Миновски предупреди и на како што рече -сериозниот  тренд на зголемување на невработеноста. Според него бројот на невработени   во изминатите неколку месеци е зголемен за околу 0,5 проценти или како што појасни  тоа е скок за околу 30 до 40.000 невработени лица. Ковид кризата ги  разоткри состојбите во државата  потенцираше Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Даниела Арсовска.  Политичките субјекти наместо да помогнат на народот во тешката ситуација тие уште еднаш го поделија вели Арсовска.

„Тоа Ковидот го разоткри можам да кажам дека и во таква тешка состојба  политичките чинители во државата не најдоа заеднички јазик да седнат и да му помогнат на сопствениот начин, туку само ја максимизираа таа поларизација која ја имаме во општеството и секој  гледаше да направи што повеќе политички поени“, додаде Даниела Арсовска.

Дека ситуацијата во делот  Економија е тешка, вчера потврди и министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Нема да биде лесно“, вели Фатмир Бесими.

„Во првата половина од годината економијата има  пад од 6,4 проценти. Согласно ребалансот  направен  согласно проекциите  приходите беа намалени  за 11,5 отсто во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал постигна 50,7 проценти, од кои вкупниот јавен долг 59,5 проценти“, додава Бесими.

Сепак министерот  потенцираше дека наспроти сериозната економска ситуација ,Буџетот е стабилен. Во своето прво соочување со новинарите вчера Бесими изрази надеж дека неговиот мандат ќе заврши успешно и покрај како што рече дека тоа нема да биде лесно.