ЕКСКЛУЗИВНО! Груби: Коридорот 8 ќе го изгради компанијата „Bechtel – ЕNKA“, по принципот „клуч на рака“ до 2024

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно откри која компанија ќе го изгради коридорот 8, односно патот Гостивар – Кичево, и Струга – Ќафасан (граница со Албанија), со што ќе се комплетира цел коридор.

„Очекуваме од автопатот Кичево – Струга да биде завршен до тогаш. Идејата е, според разговорите со компанијата „Bechtel – ЕNKA“, коридорот 8 да биде целосно завршен по принципот „клуч на рака“ до 2024 година.

„Bechtel – ЕNKA“ е американско-турска компанија која го изгради и автопатот Приштина – Блаце.

„Во петок имам состанок со компанијата „Bechtel – ЕNKA“. Ќе ги издефинираме деталите и ќе предложиме закон во Собрание за изградба на коридор 8. Еве ја предизвикувам опозицијата да дебатираме за овој капитален проект“, посочи Груби.