Ексклузивно: Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, дали се приклучува на владеачката коалиција?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, дознава ТВ21 од партиски извори.

Засега не е познато дали ќе се приклучи на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Таа претходно истакна дека ќе останат во коалиција со СДСМ, но во Собранието ќе гласа независно.