Ексклузивно видео: Како започна пожарот во подрумот на зградата во Серава во Чаир?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 обезбеди ексклузивно видео во кое се гледа како започнал пожарот во подрумот на зградата во Серава, Чаир. На видеото не се гледа дали има намерно подметнување на пожарот. Како што се гледа, пожарот започнал сам од себе од невнимание од некој жител кои можеби фрлил цигара од горе. Еден од жителите кој ги видел снимките вели дека пожарот почнал поради одредено невнимание, бидејќи како што вели тука надвор имало хартии и кеси кои можеби се запалиле.

-Според знаците што ги видовме и снимките, пожарот е предизвикан од нешто запалено надвор, имало пакети, амбалажи, кеси кои биле надвор од вратите на подрумот. Имаме видено порано случаи од горе да фрлаат цигари, изјави Неџмедин Абази, жител.

-Пожарот 100% е од надвор, видов дека продре од надвор. Шпекулациите се појавија поради неточни информации, вели Зулкани Рамадани, жител.

Од пожарот, штети претрпеа неколку стана. Неџмедин вели дека сопствениците на изгорените предмети во подрумите собрале буџет и одлучиле да ги обештетат предизвиканите штети со цел становите да се вратат во првобитната состојба.

-Иако е оштетена, компанијата изразила желба да им се помогне на жителите и да се вратат становите како што беа, дури и во подобра состојба, изјави Неџмедин Абази, жител.

Сега за сега, жителите на зградата се уште не влегле во нивните станови бидејќи се чека вештачењето, но Неџмедин вели дека сопствениците на изгорената роба помогнале во сместувањето на некои од жителите на други локации.