Експерт открива како да го исчистите телевизорот безбедно и без грешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прашина на екранот на телевизорот се собира многу брзо, поради статистичкиот електрицитет кој се создава на него. Проблем е што честичките лесно се приметуваат, особено кога телевизорот е исклучен или кога на него паѓа сончева светлост.

Кога е во прашање чистењето, многумина прават грешки со употреба на силни хемиски средства и груби крпи, кои може да го оштетат.

Англиски експерт објасни како најбезбедно да го исчистите телевизорот.

Без разлика дали станува збор за ЛЕД, ЛЦД или ОЛЕД телевизир, прв чекор е да го исклучите од струја. Не е доволно само да биде исклучен на „стенд-бај“. Туку од напојувањето, со што ќе бидете сигурни дека течноста нема да му наштети на екранот.

Потоа земете чиста, сува крпа и избришете го целиот уред. Потоа прскајте средство за чистење на екран или стакло, и со лесни движење избришете го телевизирот. Почекајте малку, па избришете го со сува крпа. После извесно време вклучете го во струја.

Наместо средства, може да користите и мешавина од алкохолен оцет и дестилирана вода.