Експертите за случајот “Пулс”: Ќе биде тешко да се докаже обвинението, на повидок долго судење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Правниците по одобрувањето на обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, очекуваат долга постапка. Велат дека има голем број обвинети, оштетени и адвокати кои ќе ги застапуваат во целокупниот процес, велат експерти за МРТВ.

Обвинети се 37 лица, а во случајот учествуваат 33 адвокати и повеќе од 250 оштетени лица.

„Ќе биде тешко да се докаже обвинието, бидејќи сите обвинети се товарадт за тешки дела против општата сигурност, а се тврди и дека заеднички го сториле делото“, вели за МРТВ Дарко Аврамовски, претседател на коалицијата за правично судење.