Експлодираше плинска боца во Пробиштип, едно лице повредено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип,  експлодирала плинска боца. Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.