Експлозии во Кабул: 13 загинати, 52 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Си-ен-ен пренесува изјава од Талибанците, според кои загинале 13 лица, додека пак најмалку 52 лица се повредени во денешниот напад во Кабул.

Експлозијата се случила на влезот на терминалот Аби, каде што британските војници се стационирани последните денови.

Инаку, ова е еден од трите влезови што се затворени по предупредувањата за терористички напад.