Голем пожар предизвикан од експлозија во хемиски магацин во индустриската зона Ла Ред во Алкала де Гвадаира, во близина на Севиља, принуди 80.000 луѓе да останат затворени во своите домови поради страв од труење, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувнал вчера попладне, а била прогласена вонредна состојба поради опасностите што ги претставуваат чадот и гасовите што произлегуваат од согорувањето на непознати супстанции. Според достапните информации, едно лице е хоспитализирано со изгореници.
Massive fire erupts at chemical warehouse near Seville, residents urged to stay indoors. #Seville #Spain #Fire #Andalucia #Emergency #BreakingNews pic.twitter.com/Lp4Q5qwyMl
— Prime Source (@PrimeSourceHQ) May 14, 2025
Андалузиските служби за итни случаи објавија дека првиот извештај за експлозијата дошол во 13:20 часот, директно од компанијата што управува со магацинот.
Како превентивна мерка, компанијата ги евакуираше сите вработени, но сè уште не е потврдено дали има уште повредени.
Властите го опишаа инцидентот како „вознемирувачки“, со оглед на обемот на пожарот и видот на материјалот што гореше. Чад може да се види од општините оддалечени повеќе од 80 километри од местото на несреќата.
