Експлозија и пожар во објект блиску до аеродромот во Женева

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во објект во непосредна близина на женевскиот аеродром денеска избувна голем пожар, откако претходно дошло со силна експлозија, поради што во прекин е авиосообраќајот, јави лондонски „Дејли Мејл“.

На фотографии и видеа објавени на порталот на весникот се гледа експлозијата, огнот и густиот чад што се крева во воздух од зграда до аеродромот.

Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави дека е запален новиот прифатен центар за азиланти, што во моментов се реконструирал.

Очевидци на настанот наведуваат дека прво слушнале силна експлозија, по што избувнал пожар.

Сите слетувања на аеродромот во Женева се откажани, додека за полетувањата поединечно одлучувале пилотите на авионите.