Експлозија на автобус во Авганистан – 11 лица загинаа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 цивили, вклучувајќи жени и деца, загинаа во експлозија на автобус во западен Авганистан, соопштија властите.

Нападот се случи синоќа, во провинцијата Багдис, која се граничи со Туркменистан, во услови на зголемена неизвесност и насилство поради забрзаното повлекување на американските сили од Авганистан, пренесува Бета.

Властите го припишаа нападот на талибанците.

Според првите податоци, автобусот налетал на бомба поставена на патот.