Експлозија на автомобил во Москва, загина висок руски генерал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски генерал загина во експлозија на автомобил во московското предградие Балашиха, соопшти денеска Истражниот комитет на Русија.

Како што пренесува ТАСС, во експлозијата загинал генералот Јарослав Москалик, заменик началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руските вооружени сили.

Истражниот комитет потврди дека експлозивна направа експлодирала во автомобил во Балашиха.

Како што јави британската телевизиска мрежа Би-Би-Си (Би-Би-Си), генералот Москалик бил доволно висок за да го претставува рускиот Генералштаб во разговорите со Украина во Париз во 2015 година.