Експлозија на плинска боца предизвика пожар во куќа во Делчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозија на плинска боца предизвика пожар во една куќа на улицата „Првомајска“ во Делчево.

Од куќата изгорела една соба, а протипожарната екипа го примила повикот во 19:20 часот.

-Во гaснењето на пожарот учествуваа три возила и шест пожарникари при што пожарот беше навреме изгаснат, а со тоа и оневозможен да се прошири на останатиот дел од куќата, како и на околните објекти, информираат од противпожарната служба.

Додаваат дека за среќа во пожарот нема повредени лица.Ова е втор пожар за една недела во Делчевско. Во пожар кој пред неколку дена се случи во делчевското село Тработивиште беше опожарена сушара, сопственост на жител на селото.