Девет лица се повредени денеска во експлозија на полигонот на чешката армија, јави државната телевизија.
Чешката армија претходно соопшти дека експлозијата се случила на полигонот Либава во источниот дел на земјата, пренесува Ројтерс.
„Имаме интервенција со тешка несреќа на воениот полигон Либава, каде што експлодирала неидентификувана муниција. За жал, на лице место има повредени. Се трудиме што поскоро да обезбедиме помош, интервенира спасувачки хеликоптер“, чешката армија изјави на мрежата Х.
Во соопштението се додава дека инцидентот го истражува воената полиција.
ФОТО: Архива
