Одекна експлозија во близина на аеродромот во Кабул, потврди Пентагон.
Засега се уште не е познато дали има жртви, додека пак деталите за експлозијата остануваат нејасни.
Според информациите, има извештаи и за пукање.

Експлозијата се случила на влезот во портата на Аби, каде што британските војници се стационирани последните денови.
Тоа е една од трите терминали што се затворени по предупредувањата за терористички напад.
Американски претставник изјави за новинската агенција Ројтерс дека експлозијата била предизвикана од бомбаш -самоубиец.
Белата куќа потврди дека претседателот Џо Бајден бил информиран за случувањата.
We can confirm an explosion outside Kabul airport. Casualties are unclear at this time. We will provide additional details when we can.
— John Kirby (@PentagonPresSec) August 26, 2021
