Експлозија во Букурешт – се урна станбена зграда, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозија во осумкатна станбена зграда во главниот град на Романија, Букурешт, предизвика уривање, при што загинаа две лица, а 12 беа повредени, објавија локалните медиуми во петокот.

Според порталот Hotnews.ro, од силата на експлозијата се скршиле ипрозорците на блиското средно училиште. Експлозијата целосно урнала два ката и оштетила неколку под нив, пренесува Ројтерс.

Како што објави порталот Biziday.ro, повикувајќи се на службите за итни случаи и Министерството за здравство, најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени.

Екипите го пребаруваа местото на експлозијата.