Експлозија во џамија во Авганистан, загинаа најмалку 16 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во авганистанскиот град Кандахар дошло до експлозија во џамија во која загинале најмалку 16 лица, а повредени се најмлаку 32.

Како што јавува Би-Би-Си, бројот на жртви е поголем. До експлозијата дошло за време на молитва.

Локалните медиуми јавуваат за сомнеж дека нападот е организиран од бомбаш самоубиец.

Ова е втор напад на џамија за една недела. Минатата недела во нападот на џамија се убиени најмалку 50 лица, и тоа беше најкрвавиот напад од повлекувањето на американската војска.

Кандахар е втор град по големина во Авганистан, со пола милион жители.