Експлозија во магацин за оружје во Чешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во градот Боржини, во централниот дел на Чешка, се случи силна експлозија во складиште за боева муниција, потврди јавниот сервис „Чешко радио“.

Според достапните информации, објектот содржел резерви на муниција од голем калибар, чиј значителен дел бил наменет за испорака на украинското бојно поле.

Покрај складиштето, на оваа локација се вршеше и производство на муниција, како и работи на поправка и модернизација на воената опрема. Експлозијата предизвика огромен пожар, а локалните противпожарни служби прогласија највисок степен на тревога. Портпаролката на противпожарната служба Вендула Горакова изјави:

„Можам да потврдам дека има експлозија. Издаден е аларм за пожар“.

Според информациите, едно лице е потешко повредено.