Доцна синоќа била фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек.
Деталите засега не се познати, но според извештаите, никој не е повреден во експлозијата, но имало голема материјална штета.
Веднаш по пријавата, полицијата ги блокирала приодите кон куќата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
