Шпанскиот шампион Реал Мадрид го освои првото издание на „Ел Класико“ оваа сезона по победата од 3:1 на гостувањето кај Барселона во натпревар од седмото коло на Ла Лига.
Феде Валверде (5), Серхио Рамос (63 – пенал) и Лука Модриќ (90) погодија за првакот. Ансу Фати се запиша во листата на стрелците повторно за Каталонците и израмни на 1:1.
Така, Реал се врати на најдобар можен начин по два последователни порази во рок од неколку дена, а проблемите на Барселона надвор од теренот се чини влијаат негативно на составот на Роналд Куман.
По мечот, Реал се искачи на првата позиција, додека Барса е на незавидното 10-то место но и со дуел помалку од денешниот противник