Електоратите во САД ја потврдија победата на Џо Бајден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со гласовите од електоратите од сојузните држави во САД, потврдена е победата на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден.

Моментално е доделено 534 од вкупно 538 електорски гласови, а се чекаат само гласовите од Хаваи. Но и со тие, Трамп не може да го стигне Бајден.

Околу 23:30 часот стигнаа електоратите од Калифорнија, 55, кои ја потврдија победата на Бајден. Бајден има моментално 302, а Трамп 232 електорски гласови. За победа е потребно 270, и јасно е дека Бајден ќе ја добие трката.

Електорското гласање во принцип е формалност. Но, оваа година е интересно поради тврдењата на Трамп дека ќе ги поништи резултатите.

Кои се електорати?

Електорати се пратеници кои републиканците и демократите ги избрале два месеци пред изборите, и тие практично ги потврдуваат гласовите на гласачите во сојузните држави.

И во Пенсилванија е потврдена победата на Џо Бајден.