Елиф Елмас: Ова е еден од најтешките натпревари – „Само 90 минути за да си го исполниме сонот од деца“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерот на македонската репрезентација Елиф Елмас денеска, по денешниот тренинг, истакна дека натпреварот со Португалија е еден од најтешките натпревари.

Тој вели дека имаат само 90 минути за да си го исполнат сонот од деца.

„Искрено ова е еден од најтешките натпревари, еден од највозбудливите до сега на сите играчи што сме тука и како што кажавте 90 минути да си го исполниме сонот од деца и за цела нација, не знам што да кажам. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја испуштиме за да може да стигнеме до Катар. Само 90 минути ќе имаме, знаеме дека и двете репрезентации не делат само тие минути од светското првенство“, посочи Елиф Елмас.

Инаку, репрезентацијата во вторник игра против Португалија на гостински терен каде следува финалната пресметка за пласман на Мундијалот во Катар.