Елмас со Наполи стана шампион на Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот репрезенативец Елиф Елмас, стана шампион на Италија, и со тоа стана вториот Македонец кој ја освои титулата во Серија „А“ после Горан Пандев.

За Наполи ова е трета титула во историјата, или прва по 1990 година, која беше освоена во ерата на Диего Армандо Марадона.

На „наполитанците“ вечерва им беше потребен само бод за да го осигураат Скудетото, и го освоија на гостувањето во Удине, со што почна фешта во Неапол, каде што вечерва ќе се чекаат и фудбалерите за да се прослави трофејот.

Освен Елиф Елмас, од македонската репрезенатција претходно титула освои и Стефан Ристовски, кој стана првак со Динамо Загреб во хрватскиот шампионат.