Елиф Елмас е позитивен на најновото тестирање спроведено во тимот на Наполи.
Македонскиот репрезентативец денеска ги добил резултатите кои покажале дека има позитивен тест на Ковид-19. Елмас играше и постигна гол во победата против Џенова, а потоа се покажа дека дури 17 играчи на Џенова се заразени со коронавирус. Меѓу нив не е Пандев.
На првите тестирања, имаше само двајца позитивни, а меѓу нив не беше Елмас. Сепак, вторите тестирања покажаа позитивен тест и кај него.
Инаку денеска Елмас не беше повикан во националниот тим на Македонија за натпреварот со Косово, и за мечевите со Естонија и со Грузија во Лигата на нации.
Во списокот го има Горан Пандев, кој е во изолација заедно со неговиот тим Џенова каде има многу заразени.

