Елон Маск го нарече Олаф Шолц „будала“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Милионерот Илон Маск денеска го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала, по распадот на германската владејачка коалиција.

Маск на социјалната мрежа „Икс“ на германски напиша: „Олаф е будала“

Маск беше голем поддржувач на републиканецот Доналд Трамп во кампањата што му помогна да се врати во Белата куќа. Тој донираше повеќе од сто милиони долари за својата кампања, а неговите политички ставови станаа уште подесничарски и послободни во последните години.