Европската агенција за лекови, ЕМА, ќе одржи прес – конференција денеска во 16 часот во Амстердам за случаите со згрутчување на крвта.
Прес – конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на ЕУ институциите.
Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на Астра Зенека и случаите на згрутчување на крвта.
Министерот за здравство Венко Филипче, кажа дека ќе се чекаат препораките на ЕМА за оваа вакцина, откако во Македонија не се вакцинираат лица помлади од 60 години, потпирајќи се на искуствата во Германија и во Канада, земји кои го спроведуваат истото.
