Медиумската куќа „Ал Џезира Балканс“ денес престана со работа, а последната вест беше емитувана во 12 часот. На самиот крај од вестите, водителот потврди дека ова се последните вести.
На социјалните мрежи, бројни вработени во „Ал Џезира Балканс“ се збогуваа со своите колеги и гледачи, потврдувајќи го крајот на емитувањето.
Патем, регионалната, балканска канцеларија на оваа медиумска куќа работеше како дел од катарскиот медиумски концерн со седиште во Доха, а покрај централното студио во Сараево, каналот има и регионални центри во Загреб, Белград, Скопје и Подгорица, дописници во Приштина, Ниш, Бања Лука, како и во Вашингтон, Лондон и Брисел, и ја користи глобалната мрежа на дописници на „Ал Џезира Медиа Нетворк“.
„Ал Џезира Балканс“ е присутна во Сараево од септември 2010 година, со аквизицијата на компанијата „ПЕП“, која ја купи локалната телевизиска станица НТВ Студио 99 за 2,3 милиони КМ, што беше износот на долговите на таа телевизија кон државата.
Програмата започна со емитување на 11 ноември 2011 година, а веб-страницата беше лансирана истиот ден.
Во 2018 година, Ал Џезира Балканс го лансираше својот фестивал на документарен филм, Фестивалот на документарен филм Ал Џезира Балканс, кој се одржува во Сараево секој септември.
