Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ ни гостува Лео Поповиќ, дипломиран актер и транс момче од Скопје, кое храбро ја раскажува својата животна приказна.
„Прво е многу страшно кога по години знаење дека нешто не штима, ама не знаеш што штима, па си викаш дијагнозата е. И почнуваш со текот на годините во неколку етапи, се навраќаш на некои работи, почнуваат да ти стануваат јасни и baby steps во неколку години, ти одеднаш почнуваш полека, полека меѓутоа експоненцијално расте, се гледаш во огледало и почнуваш да гледаш друг човек, а тоа е страшно“, вели Лео.
Тој посочува дека многу луѓе го прашуваат како знае дека е маж, и не знаел како да одговори.
„Тоа беше коментар и јас само пишав – Навистина не знам како да го одговорам ова. И некој од доле се надоврза и рече „па тоа би било како на слеп човек да се обидеш да му ја објасниш црвената боја““, додава Лео.
Целата емисија во продолжение:
