Емоции и револт на „Маршот на ангелите“: Граѓаните бараат правда за Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со силни пораки и голема масовност, денеска во Скопје се одржа „Маршот на ангелите“, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за трагедијата во Кочани.

Демонстрантите тргнаа од Плоштад Македонија и се упатија кон Кривичниот суд и Собранието, испраќајќи јасен сигнал дека институциите мора да покажат одговорност и емпатија.

Маршот беше исполнет со тага, револт и солидарност, а најмногу одекна пораката за „99-те километри“ – симболичниот пат што го поминале граѓаните за да ја пренесат болката на семејствата на жртвите директно пред институциите.

Присутните порачаа дека нема да се откажат од барањето за вистинска правда и системски промени, додека надлежните органи не покажат дека стојат на страна на граѓаните и на семејствата кои ја изгубија најголемата битка.