Емшиу и Абази ја почнаа кампањата за вториот круг – Тесна трка меѓу двајцата кандидати за Боговиње

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за Општина Боговиње – Фети Абази од ВЛЕН и Бесник Емшиу од НАИ – ја почнаа кампањата за вториот круг на изборите, кои ќе се одржат на 2 ноември, кога ќе се одлучи победникот по тесниот резултат од првиот круг.

Кандидатот на ВЛЕН, Фети Абази, изјави дека во следните две недели ќе посети секое семејство за да побара поддршка, со акцент на решавање на проблемите со водоснабдувањето.

„Ќе продолжиме со нашата програма и во овој двонеделен рок, со цел да стигнеме до секој граѓанин, во врска со проблемите со водоснабдувањето што ги имаме на територијата на Општина Боговиње, капиталните инвестиции во инфраструктурни и еколошки проекти, со чистење, односно интервенции кај дивите депонии. Потоа, нашиот институционален пристап ќе биде за општина или институција што ќе биде транспарентна“, вели Фети Абази – кандидат на ВЛЕН за Боговиње.

Бесник Емшиу од НАИ рече дека ќе се фокусира на промоција на веќе реализираните проекти, со цел да им докаже на граѓаните дека мандатот бил успешен, и изрази увереност во подобар резултат во вториот круг.

„Во овој четиригодишен мандат се реализираа многу проекти; околу 13 се обезбедени, а во следниот мандат ќе ги отвориме повиците за нивна реализација. Главните проекти што ги реализиравме во Општина Боговиње се спортската сала, која беше долгодишно барање на жителите на Боговиње, а потоа и водата за пиење во Пирок, каде што сè уште се работи“, вели Бесник Емшиу – кандидат на НАИ за Општина Боговиње

Првиот круг во Боговиње заврши со резултат во корист на кандидатот на ВЛЕН, кој освои 5.295 гласа, додека кандидатот на НАИ – 5.207 гласа. Ниту еден не го постигна потребниот праг од 50% + 1 глас за победа во првиот круг.