Енигма е кои граѓани добија по 100 евра државна помош – списокот се ажурира…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од УЈП стаса вест, дека се додека не се прочисти, списокот не може да биде објавен.

„Овие денови исплатата е веќе тргната, државата ги прави исплатите кон банките а сите банки соодветно каде има регистрирано трансакциска сметка на корисниците на овие пари ќе им бидат исплатени“, рече Заев.

Рокот за објавување на листите и оној кога граѓаните треба да ги искористат парите е краток. Се наметнува и прашањето дали деновите кои ќе им бидат на располагање на граѓаните за трошење на државната помош нема да донесе нови турканици по продавниците и тоа во услови на Корона пандемија.

Додека се комплетира списокот, од Владата напоменуваат дека процедурата за тоа во кои продавници ќе се трошат ваучерите сега е олеснета. Со последната измена од Законот за финансиска поддршка нема да има повик а со самото тоа и давателите на македонски производи и услуги немаат обврска да се пријавуваат на листата, велат од Владата.

Додаваат дека со Ваучер од 6000 денари граѓаните ќе можат да купуваат во секоја продавница. Од министерството за финансии побаравме но не успеавме да добиеме одговор што ќе биде со парите доколку граѓаните не успеат да ги искористат до законски предвидениот рок.

Неофицијално никој на граѓаните нема да им ги земе неискористените пари и после овој датум. Околу 27 милиони евра државни пари ќе бидат вбризгани како помош за граѓаните. Мерката ги опфаќа лицата со низок приход, пензионерите кои имаат до 15.000 пензија, млади лица од 16 до 29 години,самохрани родители и сл.

Парите кои ќе ги добијат треба да ги потрошат до 25 годинава.