Енис Барди е нов фудбалер на Бодрум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди денеска беше промовиран за ново засилување на Бодрум. Тој доаѓа од екипата на Трабзонспор како слободен агент.

Барди се реши да остане во Турција, и покрај интересот од неколку клубови од Италија, Шпанија, Англија и од Хрватска.

Клубот на оригинален начин го промовираше во своите редови. Во минатото македонскиот репрезентативец натапуваше за Ујпешт, Леванте, од каде замина во Трабзонспор.